Tuesday, February 2, 2016

Твитер прашалник @TheTetka

Твитер прашалник @TheTetka



1.Име (ник, кој ти го стави)?
И во рл сум Тетка, малкумина ми се обраќаат со име.
Па оттаму дојде и никот.


2.Опишете се (макс 140 нели)?
Многу зборувам.

3.Зошто си на твитер?
Кажав дека многу зборувам, па мораше некаде да се истурам со оглед на тоа што по дома фрчат закани дека ако не заќутам ќе ме остават да спијам во двор под црешата...што веќе ја нема. =)

За убави луѓенца, позитивна енергија, добар пишан збор...за душополнење.


4.Шо преставува вашиот аватар?
Аватарите ги менувам повремено, а овој моментално е некоја девојка со длабока фацијална експресија.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
На твитер ме донесе љубопитноста пред многу години, сама дојдов и најверојатно ќе си останам.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Љубете повеќе. 

7.Каде сте родени?
Во Велес, во болница.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Флореана е едно мало островче кое има околу 100 жители и е дел од Галапагос островите, е таму би отишла на еден месец. Интересно е што на овој остров има само еден хотел и еден телефон. Ќе седам на плажа со некоја желка и ќе пијам пиво додека гледаме зајдисонце и муабетме за смислата на животот и велешките пастрмајлии.

А на меден, хмм...па тоа веројатно би бил малку подолг меден период.

Би патувала низ светот, со едно ранче, наочари за сонце и фотоапарат.

Би сакала да ми се исполни дел од фантазијата за #паралелен.

9.Брак?
Татко ми не ме дава!

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е? 
Мачка.
Ќе ме чешкаат, ќе предам и ќе спијам.  



Дополнителни прашања

1.Има ли влијание Топилницата на бројот на твитерџии во Велес?
Има.
Велес е главен град на твитер и тоа кажува многу!

2.Шое одспротива?
Одспротива е наму доле кај саатот, сармаале.
И ако испаднеш ќе се чекаме таму доле у двата.

3.Има ли твитови кои те натерале да се насмееш на глас?
Да, има.
Многупати ми се случило да се засмеам и да не можам да престанам.
Имам многу заразна смеа и секако често ме фаќа кога не треба.
Луѓето околу мене кога ќе приметат дека не можам да дишам и не можам да објаснам зошто се смеам, знаат дека сум прочитала нешто.

4.Имаш ли милениче?
Имам мачка.
Бисера има повеќе од 15 или 16 години и најубава е во маало, секој ден во двор ми се мотаат по неколку мачори кои ја чекаат за да урлаат под нечиј прозор т.е за дневна хорска проба.
За годините што ги има, многу е активна!




5. Најважен момент у твојата твитерџиска кариера
Твитерџиска кариера? 
Чекај, ова сериозно?

Пааа убави моменти се оние кога некој ќе ми каже дека сум го допрела со пишан збор, сум го насмеала, сум разубавела нечиј ден...
Луѓето ми се убави кога се среќни. =)