Thursday, February 18, 2016

Твитер прашалник @sonjatd

Твитер прашалник @sonjatd



1.Име (ник, кој ти го стави)?
Само го избрав, како и се друго. Џејн Доу. Понекогаш ни ја не можам да се дефинирам.


2.Опишете се (макс 140 нели)?
Темперамент, директност, искреност, упорност, инает, новинарство, одбојка, ракомет, театар, книги, музика... Е добро, и многу зборам, да.

Еј се спикав у 139 карактери?! Немогуче.   


3.Зошто си на твитер?
Можам да бидам тоа што сум, со оние со кои сакам. Фантазија за рл.  


4.Шо преставува вашиот аватар?
Жена 30+. Јас.


5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сама дојдов. Сам ако не се за*ебеш...


6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Сакам мир во светот... ок не.

„Единствено што ми е криво сега е што не сум студент. #протестирам“

Многу им ја сакам храброста, пркосот...

 
7.Каде сте родени?
Во престолнината на гипсениот барок, северно од јужниот сосед. 


8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месец, во Португалија. Мед ионака не сакам.  


9.Брак?
Не би сакала некого да разочарам. 


10.Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е? 
Ако кажам лав, нема погрешно да ме разберете?


Дополнителни прашања

1.Новинарството и социјалните мрежи?
Ланец на исхрана. Двете ги сакам. Многу.


2.Глупав ли е твитер прашалников?
Многу позабавен и поза*бан од кој било новинарски прашалник, признавам.


3.Каде се гледаш за 5 години?
Некаде на топло. На море. Мирно.


4.Омилено место во Македонија?
Скоро го открив Брајчино. Таму. Со моето друштво.   


5. Како би дефинирала твитерџија?
Intelligence is enormously sexy.