Tuesday, December 29, 2015

Твитер прашалник @Lathronniell

Твитер прашалник @Lathronniell



1.Име (ник, кој ти го стави)?
Јузер нејмот ми е елфска верзија од името, не е тешко да го научиш ако сум ти симпатија.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Малите деца ги плашам дека сум вештерка, големите веруваат во тоа. Дишам преку поезија и сонувам да добијам Нобелова награда. Немав срце.

3.Зошто си на твитер?
Се навлеков.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Демек вештерка со рогови. Црвенокоса.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сам ако не се заебеш кој?!

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Здраво дечки. Дечки? Дечки? Ме читате? Ок, не.

7.Каде сте родени?
Во болница, за жал во Македонија.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден во Италија, на меден во Сибир.

9.Брак?
Ми нудиш? О.о

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е? 
Од кај знаеш дека верувам во реинкарнација? Делфин.

Дополнителни прашања

1.Зошто слонот се плаши од глушец?
Не знам, ама и мене ми е страв.

2.Омилена пијачка? 
Мартини. Ама обично пијам пиво.

3.Што за тебе претставува „ќеса полна среќа“?
Гушкањеееее.

4.Кога би тргнала на пат до крајот на светот што и кого би понела со себе?
Само јас и моите демони. Полароид и пенкало.

5. Дефинирај совршен ден. 
Јас, тој, планина, чипс, пиво, поезија.