Saturday, December 19, 2015

Твитер прашалник @Dzanna_Molly

Твитер прашалник @Dzanna_Molly



1.Име (ник ово оно)?
- Ме викаат и у РЛ така Џана, дека пиевме џин мнг а Моли дека песна од Incubus “ Anna Molly “,  иначе не молам ништо...

2.Висина и тежина?
- Тежина – среќно здебелена 5 кила, а висока доволно за сама да ја откључам вратата.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Црвена како 9 круг од пеколот на Данте.

4.Убав? (одговори со да или не)
- Да ( #ПравНарцис ) ..

5.Зошто си на твитер?
- Да лечам фрустрации од детството ( се зезам ), ради брза информираност пошо ме мрзи да гуглам.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- Дека многу ми е убава косата.

7.Идеална врска за Вас?
- Да глеа хорори со мене и да го држам за рака коа ке му ја сечат главата на тој.

8.Имаш можност за прв твит?
- Пак би го цитирала Фројд како и првиот пат.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
- Макчу Пикчу на еден месец, а би емигрирала у Лондон.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Па ќе се пропијам.

11.Верувате ли во реинкарнација?
- Не. Мора некој и бубачките да ги храни.

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
- Само ако тоа би ми ја загрозило врската или било кој домен од приватниот живот.

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
- Ќе си ги платам сите заостанати сметки за струја.


Дополнителни Прашања

1. Најнезгодна ситуација ?
- Стално паѓам у диско.

2. Зборат си била у некој спот?
- Бев у Скопско рекламата лани. Сакам пак...



3. Плачиш ли на филмови ? Да романтични
- Плачам на хорори поише, мразам романтични филмови.

4. На пуст остров би ги земала следните твитерџии
- Ќе си ја зеам мојата Секта ( Тони Аудио, Ментален , Дрсолог и Змејодром ) се разбираат у домаќински работи, да напраиме сплав и да киднеме од таму.