Wednesday, January 21, 2015

Твитер прашалник @TheNymphadoro

Твитер прашалник @TheNymphadoro 



1.Име (ник ово оно)?

-Славко, само не сум Јаневски. Инаку, ме знаат како Eros, детето со пицата, Сашко... (Сашка е крива за ова последново.)

2.Висина и тежина?
-Висок 1.83. Тежок 73кг (или 146 фамилијарни пици и еднa печурка гратис)

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
-Темно кафена како... Само темно кафена.

4.Убав? (одговори со да или не)
-Bitch, I'm gorgeous. (Значи, не сум Narcissus, Eros сум.)

5.Зошто си на твитер?
-Во потрага сум сеуште по својата Psyche. Да си го кажам тоа што го мислам, а и да запознаам добри луѓе, ретки се, ама уште постојат...

6.Шо претставува вашиот аватар?
-Le moi.

7.Идеална врска за Вас?
-Љубов како таа на моите родители. Нови заеднички авантури, да го истражиме животот и светот до максимум! Љубов, разбирање, почит, секс. 

8.Имаш можност за прв твит?
-Сигурен сум дека пицата е мојата сродна душа.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
-На еден месец би заминал во... Стварно многу долга ми е листата, ама ете ќе ја издвојам Камбоџа. Можеби е клише, но, би емигрирал во Лондон, или Берлин.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
-Секој ден ќе организирам оргии, да го тргнам умот од помислата дека нема твитер. Или ќе ја давам тагата во ново парче пица.

11.Верувате ли во реинкарнација?
-Во претходните три живота се двоумев, ама во овој дефинитивно верувам.

12.Твитер пред 2/3 години и сега?
-Имам твитер одамна, ама активно го користам од пред година дена, така да не знам.

13.Шо мобилен користиш?
-Rotary dial phone, црна боја. 

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
-Мајка ми. Друго, ништо ич.

15.Брак?
-Ова понуда е или? Се шалам, во иднина да, со својата Psyche, ако ја најдам. A ако не, ќе бидам како Barney Stinson, со многу, многу пица наместо алкохол.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
-Животна залиха на пица е прво што ми паѓа на памет... Инаку, животната желба би ми се остварила-би отворил ресторантче за почеток.

Прашања од @marti_nna

1.Дали повторно ќе објавиш слика на тл гол?

-Девојки спремете се.

2.Дали имаш твитер симпатија и која? муахаха
-Е сеа... Имам, да ја пингам?

3.Најголеми #тејзер трауми?
-Кога сам си се стејзав пред сите, на несакање, на уво, па ми се укочи пола фаца. Да, дефинитивно.

4.Ако ти кажат дека со следното парче пица ќе умреш..ќе јадеш ли?
-Ако ме познаваш доволно добро, тогаш знаеш дека ќе го изедам без око да ми трепне. За пица се работи, сепак, ќе умрам среќен.

5.Штo е нaјјaкaтa ствaр штo ти прaтиле нa Снеп?!

-Хаха, да кажам? Ај ќе кажам, знам на ова дека мислеше. Раширеното голо тело на бившата и одоздола „Среќна 2015, секси.“