Wednesday, January 14, 2015

Твитер прашалник @ananastasija1

Твитер прашалник @ananastasija1



1.Име (ник ово оно)?
-Дома Анастасија, во друштво Тација,Таци,Тацка, а Ананастасија на Твитер (дека ананас обожавам)

2.Висина и тежина?
-Метро седумдес-два/три, плус-минус некој сантим ако се исправам/ 64 после празнициве.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
-Пич црвена.

4.Убав? (одговори со да или не)
-Фкрај.

5.Зошто си на твитер?
-Ме убеди другарка, а и ми се виде ко убав начин да го трошам слободното време шо го немам.

6.Шо преставува вашиот аватар?
-Јас, чкрапната кај шо играм victory dance на сред плоштад.

7.Идеална врска за Вас?
-Меѓусебно реметење и мајтапење задолжително, долго гушкање, почит, доверба и да има трпение за убер гикот во мене. 

8.Имаш можност за прв твит?
-Пак би го напишала истио, фкрај ми е кул.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
-Месец на Тардисот со 11тиот Доктор/ Емиграција шо посеверно-то поарно.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
-Ќе се повлечам кај баба ми на планина, ќе живеам на качамак и пиперки печени, сè дури не ми помини тагата за Твитер.

11.Верувате ли во реинкарнација?
-Да.

12.Твитер пред 2/3 години и сега?
-Не би знаела, годиначе сум на Твитер.

13.Шо мобилен користиш?
-Samsung S3-mini

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
-Сеа ништо, освен евентуално мајка ми ако згрми па сакала-неќела да морам. 

15.Брак?
-Кога-тогаш ќе мора, бабите правнуци ќе ми бараат.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
-Поголем дел за инвестиции во бизнис со татка, да се помножат за во сиви деној... некој денар за частенка со забава во Епинал, рестото за шо било. 

Прашања од @KDKGrah

1. Си била година и повеќе во Канада. Зошто се врати назад?
-За тоа зборни со моите, тие детали ќе ти кажат, а јас мала бев прилично и немав збор во одлуката.

2. По што ќе ги памтиш месеците мај и јуни?
-Настанот „Некои Девојки“ во скопското МКЦ, а и квази срцевиот удар што го добив тој ден.

3. Дали ќе се навикнеш да викам хемија а не хæмија?
-Невр!!! 

4. Кого последен израдува денес?
-Баба ми.

5. Дали си сигурна дека можеш да повратиш без да повратиш?
-Дефинитивно можам, изгуглав и се научив.