Thursday, November 20, 2014

Твитер прашалник @xposedinthedark

Твитер прашалник @xposedinthedark



1.Име (ник ово оно)?
Апостол. Золвата нагалено ме вика Апо. Никот е инструкција од партијата кај што бев ангажиран во секторот за мито и корупција (http://www.exposingtruth.com) пред да направам трансфер во ПОДЕМ, чиј горд член сум до денес.

2.Висина и тежина?
Прашањево е алтруистичка пародија на изохронијата, мислењето е променето скоро константно, а резултатот ја задржува својата примордијална состојба на умот.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Виолетова, по мајка ми Виолета.

4.Убав? (одговори со да или не)
Квазимодо заврзан во перпетуална конверзија на неговите изговори кој мора сам да се пренесе себеси над себеси.

5.Зошто си на твитер?
Затоа што на фејсбук во графата “Say what you’re doing” нема cleaning. И да ја побарам ногата на @ShaniaTwain.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Детерминистички пристап на идејата за конфискување на реалноста и илегално пренесување на полномошни иверици надвор од очекуваните предиспозиции.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Со близначки. Вики и Кики Ралеви.

8.Вашето прво искуство?
Кога бев мал еден педофил сакаше да ме заведе. Ми даде лукчета, а јас му реков: “А бре чичо, стар синема фајде”. Се расплака и си замина, а јас научив да се пазам.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Месец Чешиново, меден Облешево.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе самонапредувам низ просторот на моралноста затоа што само извидничкиот карактер може да придонесе кон целобитноста на вистината, без оглед на тоа што времето за кое треба да се успее со колоквијалниот енелал е вистинска траги-комедија.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Праз. И по можност да ме галат рацете на некоја мештанка на Празијада 2067.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Церебралната парализа што го зафатило владеачкиот сегмент кај одредени клучни луѓе го менува целокупниот концепр кон само екстерминирање.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Nokia 3310. Мислам дека ја имам ставено на твитер некаде во Сечко 1874-та.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Комплексот на следбеник што инферентно е поставен како специјална фокус точка на вниманието без идејата да се продолжи да се разградува кон другите, постаналитички материјали.

15.Што би сменил на себе?
Чорапите 3 за 100.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе ја однесам вербата до ниво на трансцедентална гордост и моментот кога ќе ја премине фактуелната девијација ќе биде прекината со фактуелни девијации.


Прашања од @DingoOdKratovo

1.Во еден од твојте најпознати твитови велиш, цитирам "Еј мори Ноне, малој Ноне кој е оној црн мераклија" зашто баш Елена Ристевска?
Реалноста на твитот е непотребно да се одговара или да се постави во тие рамки поради самата бескрајна точност која некако е некомпактибилна со човечкиот фенотип.

2. Струмица, Амстердам или Твитернагради?
Муртино. Поздрав #RKOS

3. Зашто и покрај 40те иљади твита, луѓето не те сметаат за интересен и сеуште се водиш во твитер архивата како невлијателен?
Финализирањето на целиот статус на октаморфоза се постигнува само со директна примена на кулминативниот метод на ексреција на јајцата на блискиот.

4. Голем фан си на Шанаја Твејн, запеј нешто!
Со задоволство! (пее без заебнации)
We’ve created us a credit card mess. We spent the money that we don’t possess. Our religion is to go and blow it all, so it’s shopinn’ every Sunday at the mall.
All we ever want is more, a lot more than we had before, so tale me to the nearest stoooooooooooooooooooore! (
Молам, кој ја предвиде свецката економска криза?)

5. Латас или Заев? Шанаја Твејн или Моника Белучи?
Ротацијата е потребна и неопходна за да се допре до знаењето преку интроспекција и дозволи на ништожноста да се пробие низ заштитничкиот дух на себеси, кој постои само како последица на тренингот со условен рефлекс.