Monday, November 3, 2014

Твитер Прашалник @ViktoryNik

Твитер Прашалник @ViktoryNik



1.Име (ник ово оно)?
Според кумот Викторија, според твитерџиите Маци, според некој друг ВикториСик <3, според мајка ми “Ај спружи ги алиштава“, според брат ми “Ај стани од компјутер“, според татко ми “На ти 100 денари за вечер“, според баба ми “Јадеше?“, според симпатијата “Дебелаааа“.

2.Висина и тежина?
Малку поќе, не кажувам.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Ко таа на Злата Позлатена. (Што одговори Бубиша на ова?)

4.Убав? (одговори со да или не)
Не. Ама убава да.

5.Зошто си на твитер?
Зш ако ги пишував истите работи на фејсбук, ќе ми носевте чоколади во Бардовци. Вака барем ич нигде не ми носите. Ритер ми е омилено и Милка ноизет. Фала.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Тирќизен точак што чекам да си го купам откако ќе ми го украдат стариот. Уствари бел е на сликата. Нема везе, нека го украдат стариот, па за боја ќе дискутираме.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Мислам дека нема потреба да одговорам.

8.Вашето прво искуство?
Се смеевме многу ^_^

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Зошто ме персираш уствари? И не кажувам, да не ми пратиш папараци. И едното и другото ќе биде на планина, со најубав поглед на зајдисонцето. И по можност да нема интернет. И планински чај ќе си вариме. Или ќе си варам сама.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе правиме твитапи во Идризово, многу јасно.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Ме вика “зелче“, #јер зелена и смотана. Нека биде тоа.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
“Темно Лашко. Да, да, големо. И кикирики!“

13.Шо мобилен телефон користиш?
Таков ко што Коки никогаш нема да има.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Само ак си фатам дечко. Ама на месец дена, да му замачкам очи дека ми е поважен. (Ако чита симпатијата, се шааааааааааалам!)

15.Што би сменил на себе?
Табиетот и мрзливоста. И еднаш неделно чорапите.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Повеќе детаЉи на линкот. И поздрав до Лаци.
Ќе ги инвестирам во стартап ^_^

Прашања од @dArsovec*

1.Дали конечно се вработи?
Ехеее, и отказ дури дадов.
2.Што би му порачала на идниот работодавец?
Да не ми ја следи локацијата на iPad-от, ептен е манијачки!
3.Колку мислиш дека треба да биде твојата полетна плата?
Позимска.
*дАрсовец се извинува за прашањата ама беше прашан на пијано. Вика "пала карта"

Прашање од @Jane_Sk
1.Kај се гледаш за 5г. и од каде толку бујна фантазија ?
Пред компјутер како и сега. На пример. Евентуално во кујна. Од роџење.

Прашање од @FStojanovski1
1.Дали уште ти бараат лична карта во продавница или ноќен клуб?
Да и да.

Прашање од @KokiCvetanoski
1. Колку си ниска?
Таман за бурек врз глава да ми јадеш ^_^
2. Што сакаш да бидеш АКО пораснеш? :(
Вработена во Мекдоналдс во Аеродром.