Saturday, August 23, 2014

Твитер прашалник @stvor_ljudski

Твитер прашалник @stvor_ljudski



1.Име(ник, ово оно)
-Мона Бонга сум јас како дете што не може убаво да ги изговори името и презимето. Ми делуваше океј.

2.Висина и тежина
-Типично конзумеристички, те тера да се осетиш ко гумено перниче на дување со димензии 26х43х18. Ти се свиѓа? Земај! Инаку варираат во зависност од пригодата и чевлите и од тоа дали се погодила руската салата.

3.Боја на коса
-Keune 6.1

4.Убав(да или не)
-Повиканиот Нарцис во мене нескромно би рекол"Да, на сите можни начини"ама ја како скромен човек не го пуштам да истрча пред комплиментите на другите кои добиваат на вредност само кога ќе ги каже некој (знак за нееднакво) од јас.

5.Зошто си на твитер?
-Зашто сум чула дека се ценел секој карактер. До 140. Пр.ја многу ценам празно место после запирка а и коса црта е во ред(ако црта убаво).

6.Што претставува вашиот аватар?
-Апсолутно ништо посебно.

7.Дали сте во врска и дали е карирана?
-Да имав сега менаџер ќе ме советуваше да го кријам податоците за мојот приватен живот ко на Рики Мартин што не му даваа да признае дека е геј ама па тој не можеше да оди против себе , имаше кошмари во кои разуздани, потентни мажи му правеа еротско задушување со карирани врски и на крај реши да ја поднамести околу вратот и гордо да прошета меѓу јавноста. Епа и јас така, само околу прстот.

8.Вашето прво искуство?
-Шокантно и трауматично!Дотогаш папокот беше одговорот на сите мои дилеми.

9.Каде на еден а каде на меден месец?
-На еден во Јапонија. На меден, кај што тече мед(и млеко).

10.Што ако го затворат твитер?
-Што, да не му нашле дека одгледува ганџа во викендицата во подрум?!

11.Во кој зеленчук би се реинкарнирале?
-Патлиџан. Сум чула дека извлекува чирови, па можда ќе ми се посреќи да легнам врз чирот на некој фин, функционерски газ и така да си ја исполнам желбата да се возам на кожна фотеља со тркалца.

12.Историска личност?
-Исус. Би разговарале за маркетинг стратегијата на неговиот тим, би му ја откупила за да ја прикачам на CV-то и ќе барам работа во некоја добра маркетинг агенција која е спремна да ја прегази конкуренцијата(нека трепка).

13.Што моб.користиш?
-Користам мобилен на рати, по потреба.

14.Што би ме натерало да се повлечам од твитер?
-Осека.

15.Што би сменил на себе?
-Све што може да се смени кон подобро. Забавно е и сакам кога свесно придонесувам лична еволуција, ко да си правам внатрешен рифреш. Стоење во место е полошо дури и од одење назад.

16.Што ќе направам ако наследам миљон долари?
-Ќе пробам сериозно да го повредам тој што ќе ме разбуди.

Прашања  од @TangLung_

1.Моја формула за успех?
-1+1=(немам на моб знак за бесконечност, вметни го ти).

2.Како нанесувам маскара?
-Тука тргнав да одговорам"Зошто побогу мислиш дека не го вадам и ставам окото на секое шминкање?", ама после своеволно одлучив ова прашање да го третирам како комплимент( трепка со маскарата).

3.Што е тоаво луѓето тажно?
-Хм, од некаде ми е познато прашањево, да не одеше на тв реклама? Не. Што се однесува до луѓето, секој може да живее кај сака, не сме демократи до крај ако имаме замерки на нивните избори. Да не го слушнав прашањево во ЈСП, како рингтон на пензионер? Многу ми е познато...

4.Љубов е__ затоа си сама?
-Многу се мислев на ова прашање. Мојот одговор е "Љубов е за себични".

5.Сцената со мајката и ќерката?
-Само ако сите се согласат на тројка.