Wednesday, July 23, 2014

Твитер прашалник @bravarot

Твитер прашалник @bravarot 


1.Име (ник ово оно)?

Браварот

2.Висина и тежина?

Висина метро осумдесет и четири, тежината ми бега накај осумдесет.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Црна

4.Убав? (одговори со да или не)
До некаде

5.Зошто си на твитер?

Зошто не сум на диазепам

6.Шо преставува вашиот аватар? 
Маршалот Тито

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не сум во ништо

8.Вашето прво искуство?
Батали го, ракијата е крива

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?

На еден месец на Крф, на меден доста е и на Тиквешкото езеро.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?

Ќе пишувам твитови во тетратка со коцки.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?

Магдонос

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?

Шопска и домашна ж’та

13.Шо мобилен телефон користиш?
Сони Ериксон S 312

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Обврските

15.Што би сменил на себе?
Рамката од наочарите

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?

Кој ќе купи Синалко?

Прашања каа за Кавдарчани

1.Кој е најбољи твитерџиа од Кавадарци ако има ?

Има @iki3iki и @Kavdrcanec 

2.Дрекселмаер е ......... за Кавадарци (дополни)

Германска фабрика што работе на македонски начин

3.Како се вика реката шо тече низ Кавадарци?

Мара, Луда Мара

4.Кај се бањат Кавадарчани?
У капатил’то