Friday, May 16, 2014

Твитер прашалник @TheShootStar

Твитер прашалник @TheShootStar 



1.Име (ник ово оно)?
The Shooting Star, Звезда која паѓа, паѓам за да другите си замислуваат желби.

2.Висина и тежина?
1.80м, со тежината немам проблеми.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Црно си е црно.

4.Убав? (одговори со да или не)
Што и да одговорам незнам дали ќе е точно.

5.Зошто си на твитер?
Забава и пријателство.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Селфи, во кревет.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во врска да, не би требало да е карирана.

8.Вашето прво искуство?
Снег во Мај.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месец во Ибица , на меден на Бахамите.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе продолжам со животот но со голема празнина.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Домат, многу важен дел од шопската.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Со Џон Кенеди, со зборовите: Пази се брат, ми мириса на атентат.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Самсунг

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Премногу непријателство.

15.Што би сменил на себе?
Забите.

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
Здраво добри луѓе.

Прашања од @Eristicarot
1.Дали има работи кои не биле добри, но за кои не се каеш што си ги направил?
Има, сега за сега сеуште не сум се покајал за тие работи.

2.Што е тоа без кое не можеш да живееш?
Без фамилијата, другартите, пријателите, кои го прават мојот живот исполнет.

3.Зашто од trajkov tuse во the shooting star
Моето лично име и презиме беше тоа, сакав да бидам по анонимен.

4.Дали ќе идеш странство на печалба, и дали е Германија :)
Ќе идам за Германија да, а дали ќе е печалба ќе видиме

5. Што те нема у трета смена, да не си фати женска ?
Женска имам подолго време, така да не е тоа причината.