Твитер прашалник @hambaboy
1.Име (ник ово оно)?
-Хамба
ми е прекар што го носам од 11-12 години, го добив по еден постар дечко којшто го носеше прекарот Хамба зошто
јадел многу хамбургери (@klavce на
ТЛ), се вика Трајче (јас се викам Трајче), тогаш он
имаше Лада (и ние имавне Лада), неговите работат земјоделие (ние имаме
овоштарници) и поради сите тие сличности БУУУМ, ете и јас Хамба.
2.Висина и тежина?
-Многу
висок, многу тежок и многу згоден.
3.Боја на коса (остај празно ако си
ќелаф)
-Блондинка,
летно време коа ќе ме напече сонцето, на албино заличуам.
4.Убав? (одговори со да или не)
-Мноооогу.
5.Зошто си на твитер?
-По
препорака на @hanmadafakasolo,
дојдов да видам шо се дешава на ТЛ и тоа што ме радува, наидов на многу
креативни луѓе, луѓе коишто размислуваат „надвор од кутивчето“ (тачка)
6.Шо преставува вашиот аватар?
-Со
мојот аватар се надевам дека ќе заработам мноооогу пари. Го чекам денот коа
некој преставник на „Голоаз“ ќе дојде да ми понуди многу пари за контра-кампања
дека цигарите се штетни. Во мојов случај дека забите се расипуваат од пушење
као демек, а куде мене светев ѓоа лампионче.
7.Дали сте во врска (и дали е
карирана)?
-Слободен
Стрелец (тачка)
8.Вашето прво искуство?
-Многу
трауматично...одма се затрескав, а она по 3 дена мораше у Русија да се враќа
:///
9.Каде би сакале да отидете на еден
месец? А каде на меден?
-На
еден месец би се истоварил на Фиџи, со шаторче на плажа, за да сурфам, летам со
Парамотор, медитирам, а навечер да си потпалам огинче и да печам к’баски и да
пијам пиФце. А на меден, кај ќе каже жената, нели Џентлмен воа-ноа.
10.Ако го затворат твитер...шо
понатаму?
-Ха,
абе одам у Крушево, грабам Шатор, Параглајдер, Маунтбајк, се постилам на Мечкин
Камен, од сабајле точаче, на поручек Параглајдерче, навечер по некоја
крушевчанка (а и Русинки и Украинки доста доаѓаат да учат, да летаат) и ќе живеам
ден за ден, онака Зен.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој
би сакале да е?
-Кромпир,
како би земал учество во решавањето на меѓучовечките односи.
12.Ако би се сретнале со историска
личност, што би порачале?
-Тоа
би бил Кастро, да седнеме со братот у цветни кошули, на по една пура и коктелац
у бичбар, па да си попраиме муабет за женски и кулирање
13.Шо
мобилен телефон користиш?
-Sony Experia SP-не
дека е мој, ама многу е моќен
14.Што би те натерало да се повлечеш
од твитер?
-Само
смак света
15.Што би сменил на себе?
-Кога
праел чале, не штедел. Микеланџело може вода да му носи (читај ништо)
16.Имате
шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
-Дека
сте бе народијо, арни ли сте, како по дома?
Прашања
од @HanMadafakaSolo
1.Колку
женски фати откако напраи твитер?
-0 (читај кромпир)
2.
Кога би правел политичка партија како би ја крстел?
-ПОТ (Партија на
Осамостоени Твитерџии)
3.
Што животно си бил во предходен живот?
-Од тија летеќите
верверици сигурно, зошто сонувам за куќа на дрво и за летање со Wingsuit.
4.
Што ти е животна цел (мотивационен одговор ко Пауло Коелјо)?
-На погреб да ми ми
дојдат 10 000
луѓе, тоа доволно ќе зборува за животот кој што сум го изживеал
5.
Кој ти е градот од соништата?
-Баце, јас сум роден за
во дивина да живеам, али најблиску до такво нешто е Манаус во Бразил.