Friday, April 25, 2014

Твитер прашалник @AndrejAleksov

Твитер прашалник @AndrejAleksov


1.Име (ник ово оно)?
Име ми пишува у username, ме викаат тој со плочите, плочарот, плочкарот, бидејќи замарам со #плочи. Поточно, со убави девојки и #плочи

2.Висина и тежина?
1.80 можда иам, и кило човек. (другите 86 кила ми се проблем)

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
НеСмеамДаОстаамПразноДекаИамПревишеКоса.

4.Убав? (одговори со да или не)
ДА! (дијагностициран сум со нарцизам)

5.Зошто си на твитер?
Да запознаам позитивни луѓе и да ме запознаат позитивни луѓе. Шо бе тропам па и ја, женска сакам да си фатам..

6.Шо преставува вашиот аватар?
Прикажување на примитивни вештини на вртење плоча и импровизација со истата.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врска имав само една. И тоа на матура ја носев, после тоа, ниту една. Беше сина карирана, да. Без врска сум моментално.

8.Вашето прво искуство?
(остај празно место ако си го немал?) Слабо памтам години, одамна беше, хаоси..

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец на Бора Бора. А на меден месец на Хаваи Хаваи.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Праиме твитап и твитаме у живо.
Се собираат повеќе информатичари, програмери, веб дизајнери и слично и прават сајт ТвитерМакедонија. Решен проблем.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Пиперка. Напрајте ме ајвар и усреќете некого.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Тупак, може автограм и да се сликаме?

13.Шо мобилен телефон користиш?
Sony Xperia Tipo. Душата му ја извадив, мислам да си купам Xperia Z1 (мамо, читаш?)

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Неположени испити.

15.Што би сменил на себе?
Ништо, перфекција у движење сум. (мДа)

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
Сакам Ве сите! ♥



Прашања од  @laFemme90 
1. Дали локните ги правиш под лавабо ?
ХАХАХХАХАХАХА, не! Катерогично, не! (луда си)

2. Кога би постоело реинкарнација што би сакал да бидеш?
Лав. Цел живот сум де, само у хороскоп.

3. Што за тебе претставува вистинска дама?
Да поседува доминантни гени за убавина (внатрешна и надворешна), возрасно однесување и секој проблем што ќе и излезе на пат, да го реши без мака. Насмевката да биде главен виновник за привлечноста на многу мажјаци околу неа. (филозофии, оо, филозофии)

4. Ситуација на која вечно ќе се смееш?
Степенот на демократија на нашата држава.

5. Кога би можел да дејствуваш на луѓето, со што би било тоа?
Позитива, насмевка и едукација за добар вкус на музика.

6. Кога би правел журка, што се ќе има вклопено во нејзе?

Пред се, клучни – грамафони на кои ќе се пуштаат #плочи, со квалитетни парчиња музика. Многу народ, преполно со луѓе што ги познавам и луѓе што сакаат да присуствуваат на журката. Другарите и твитерџии у прв ред, многу пиво, многу алкохол, многу среќни луѓе. DJ не прашувај кој, се знае.