Thursday, March 20, 2014

Твитер прашалник @oliverahaaa

 Твитер прашалник @oliverahaaa 
1.Име (ник ово оно)?
Оли-вера-ера-ааа (пеј си under my umbrella ела-ела-ааа).
Оливера, така ме викаат и така се потпишувам

2.Висина и тежина?
Кај мене е „низина и леснина“, беше тежина, ама ја намалив

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Г*мно боја, затоа ја фарбам во костенлива, #јер костен поубаво звучи...

4.Убав? (одговори со да или не)
Нема опција „Можеби“?

5.Зошто си на твитер?
Затоа што тука најдобро убивам досада и зошто сум проклето склона кон зависности!

6.Шо преставува вашиот аватар?
Девојка како лока пиво-јас

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Од врски преферирам само „клот“ со една боја (читај особа)

8.Вашето прво искуство?
Бев збунета, срамежлива, незнаев што треба да направам, „ова боли ли?“ се прашував, а претходно имав гледано како се прави тоа и како треба и после одеднаш.... ТВИТНАВ! И после се одеше како подмачкано

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Рио за време на Олимпијадата 2016, мислам нели ако може, а на меден... нека бидат Девствените Острови, е сега Британските или Американските, накнадно ќе се изјаснам

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Толку е, нема да има понатаму...

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Аааа сакала јас или не, сигурно ќе бидам брокула, после толку многу изедени брокули, нема друго!

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
„Рецитирај Нероне, ич к*р да не те боли, светот и онака ќе отиде по ѓаволите“

13.Шо мобилен телефон користиш?
Абе мојов ко фиксен е, редовно на кабел (полнач)

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Па некоја виша сила можеби... или некоја друга социјална мрежа подобра од оваа... некогаш... можеби... а можеби и не

15.Што би сменил на себе?
Фармеркиве, само момент... многу ме стегаат.
Ок, ок... би ги сменила еве добро ушиве, ако веќе морам...


Прашања od @BazeLazevski
1. Дали би закаснила/откажала прв состанок поради утакмица на Јунајтед?
Хелоооу, врски сум раскинувала (се правам важна сега), испити сум одложувала, а не па прв состанок

2. Велес би го заменила со?
Како голем локал-партиот, Велес би го сменила со било кој друг град во земјава и светот, што нуди забава и динамика...ок, ок, само во светот

3.Деведесетите во Велес те потсеќаат на?
Детство... убаво детство, симпатии еден куп, прв бакнеж, Турман и Едвардс, Ристе Дуганов...

4. Млад,згоден,убав.... но навивач на погрешните црвени ДА/НЕ?
Многу ли е згоден? Шит, неможам, срце не ми дава... НЕ! Уствари... па и зошто да не, ќе си го тролам ол деј лонг #јер 20-19, #евенезнам

5. Кога не би постоел Манчестер,фудбалот,Твитер и Пабот ти би била?

Очајна домаќинка