Saturday, March 22, 2014

Твитер прашалник @legalXperiment

Твитер прашалник @legalXperiment



1.Име (ник ово оно)?
Првите пет букви од презимето. Логично, прават збор што означува забранет заХфат меѓу противниците во боксот или воопшто забранета, недозволена постапка.*
А она @legalXperiment, не беше заХфатено.

2.Висина и тежина?
185/92 мање-више, додуше више мање него више

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Викаат смеѓ, некои плав, а јас уствари работите ги делам на црно и бело.

4.Убав? (одговори со да или не)
НЕ

5.Зошто си на твитер?
Појма немам , убаво ми е

6.Шо преставува вашиот аватар?
Абе селфи е, вчера го сменив, пролет, онака привремено, пак ќе вратам на оној со наочарите.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Се од горенаведеното со дупли чвор.

8.Вашето прво искуство?
појма немав што правам:
Having a fresh twitter account is like opening a can of chunk tuna, it smells inside, but you still want to eat it! 
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Да можам да отидам било каде на еден месец, би си го направил меден.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Повеќе слободно време за работа.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Морков.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Гоце, да знаеш што ти прават со домот!

13.Шо мобилен телефон користиш?
Xperia, од црните.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Ништо, си терам свој филм, кој сака улога може да повели на Follow.

15.Што би сменил на себе?

Крзното, пошто карактерот не можам.

Прашања од @oliverahaaa

1. Што последен пат си направил за прв пат?
Се оженив.

2. На плажа, коктел или ладно пиво... или добра цура?
Коктел за цурата, пиво за мене, а џус за junior.

3. Утрото го почнуваш со кафе, цигара или твитер?
Сите три се одлична комбинација за добар почеток на денот.

4. Боранија или брокула?
Провокација гледам овде! Брокула во сите можни куварски комбинации. Похована звучи добро.

5. Манчестер Јунајтед или Ливерпул? (Внимавај што ќе одговориш, I am watching
you!)
Од клубови највеќе сакам Клуб Сендвич, ама ако морам да бирам, Манчестер ајде :). (поплукај ме, ќе ме урочиш)