Wednesday, January 22, 2014

Твитер прашалник @Law_D_Ohm

Твитер прашалник @Law_D_Ohm 


1.Име (ник ово оно)?
> Демек ќе пишев анонимен, али со 1/2 твитерџии се имаме на фејсбук, така шо се знае кој сум...

2.Висина и тежина?
> Висина = Бројот на чекори за преродба + разбојниците на Али Баба + последните 2 цифри од годината која означува крај на Втората светска војна.
Тежина = Првиот троцифрен број – бројот на автобус што ми треба да стигнам до факс.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
 > #А52А2А

4.Убав? (одговори со да или не)
> Ќе бидам скромен, негација од не.

5.Зошто си на твитер?
> Да ја најдам смислата на животот, оправам државава и секако да ја извршам мојата мисија – проповедање на љубов кон науката.

6.Шо преставува вашиот аватар?
> Исто што и мојот ник, само во некоја попрактична верзија со примена на најпознатиот триаголник.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
> Ќе остане тајна одговорот на ова прашање, да не ми се налути девојката.

8.Вашето прво искуство?
> Во второ одделение не знаев да решам равенка во стилот х – 5 = 3 и татко ми ми рече Од тебе математичар не бива. И еве сум денес, со ников на твитер си ги лечам комплексите.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
> Пошо зборот еден е подмножество на меден, така да секој еден месец за мене е меден.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
> Нејќам да клеветам али комбинаториката на букви, знаци и симболи тоа го докажува, така што ако се здружиме сите заедно, ќе најдеме спас.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
> Морков. Зошо гледан од птичја перспектива, претставува најматематичкиот зеленчук што постои – Фибоначеева спирала.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
> Тесла да си го доврши изумот, целата планета да биде извор на енергија/струја.

13.Шо мобилен телефон користиш?
> ТХЦ. Лапсуз... ХТЦ.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
> Околностите потпомогнати со универзумот.

15.Што би сменил на себе?
> Да не плачам кога ме бутаат на Не лути се човече.

Прашања од  @JonVoiDoe

1.Кој е твојот феaтиш?
> Фејсбук поеми.

2.Кој твит на @Brendonov најмногу те загрижил?
> Сите твитови. Реално се плашам од овој човек и не би сакал никогаш да се запознаам со него во живо.

3.Зошто го обожаваш твојот факултет(не прашувам дали го обожаваш, тоа се подразбира)?
> Затоа што и во најмрачните ноќи, полни со очај и депресија, тука се моите скрипти индиректно да ми пренесат Еј, можеме заедно.

4.Колку нијанси на црвено постојат за тебе?
> Пет. Бела, жолта, црнечка, црвена и мелез боја на крв.

5.Гледаш некоја лепотица, првата реакција?

> “Ако знае што е Винер-Хинчинова теорема сакам заедно да чуваме деца.