Saturday, January 25, 2014

Твитер прашалник @Azhdaja

Твитер прашалник @Azhdaja 


1.Име (ник ово оно)?
Име: Тања. Ник: пропорционален со нешто што го добиваш уште пред да ти го стават името, а ти го вадат и заменуваат при ремонт во матично

2.Висина и тежина?
Ако доволно силно дувнеш во флуид, можеш да ме поместиш со веројатност 0.5; а ако ми истераш памет со незгодно прашање: висината+косата + (-паметот) = просечен кошаркар

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Венге у антикварница

4.Убав? (одговори со да или не)
Би ме запамтил = Да

5.Зошто си на твитер?
За да го крафтувам мозокот без да правам ментални итерации у празно. Ок, ок – лажам: за да издадам твитер прирачник: Како да станеш популарен твитерџија со активен конект и да го искористиш телефонот ко динамо за точак

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас – на пријатна седенка, сред есенска запурнина, во необична приквечернина, некуртулена од арнина.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
#Длабоко – ко индиски филм... но ќе ти одговарам на јапонски: карирана ко кари на рана

8.Вашето прво искуство?
Би ти одговорила, но имам полна уста

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец – на планината кај што се калев. А на меден...јужно од најбитниот дел од телото (освен ако си Ахил – тогаш северно)

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе се собереме пет илјади души, ќе донираме и очи и уши (на секој стотти по едно ќе оставиме), и кауција ќе платиме за Твитер да го вратиме

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
IF реинкарнација
Тања = Тиква // ме потсеќа на глава, а семките - на мозок: може да е полн, али ако не се отвора лесно – џабе
ELSE
            Тања = тикварка у гастрономија
RETURN Тања

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Тесла – да си го крстиш глушецот Мишо Ковач

13.Шо мобилен телефон користиш?
iОЅстај вакви Applea досадни прашања

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Да замислиме дека А = РЛ, а B=ТЛ
Ако А∩В почне да станува многу големо, twitter=qwitter


15.Што би сменил на себе?
Мозочното забрзување. Би го направила -0.1 (ментални метри во секунда на квадрат) за работи што имаат занемарливо мала тежа во однос на земјината

Прашања од  @Law_D_Ohm 

1.Освен за сметки после пазарење, како ти влијае математиката на твоето опкружување?
Твитам во  π-смена, решавам Log(in) пред да пуштам Твитер, не сакам 100К народ, сакам права коса, не сум нормална кога паркирам паралелно, влечам познати корени, размислувам дали Македонија е интеграбилна во граници на ЕУ, сакам секакви луѓе – нормални, комплексни, имагинарни...едноставно сум во логаритам со времето...али не сум непресметлива

2.Тешко ли е да си родител?
Не е комплицирано, само комплексно. Адаптивна вегетација во низа контексти; на почеток: “Who are you people and where are my horses?”, секој нареден ден ја откриваш разликата помеѓу Родителе! и Роди теле!...и после почетокот го забораваш, а ради другото си среќен

3.Твој личен став за зодијакот и астрологијата?
Трол е дел од астрологија, и астрологија е дел од трол. Зодијакот ги прави да имаат и заеднички форум за меѓусебно разбирање

4.Дали преќутувањето е лажење?
....

5.Се плашиш ли од прогресот на технологијава?
Се плашам од злоупотребата на истиот...и дека тоа е причина неправедно голема народна маса да се смета за паметна, а неправедно мала маса да трага по вонземски цивилизации кои уствари нѐ одминуваат зашто сме им неинтересни.
И кога викамодминуваат, мислам меѓу нас се: