Friday, December 20, 2013

Твитер прашалник @totalbullshitX

Твитер прашалник @totalbullshitX 


1.Име (ник ово оно)?
   Мислам дека нема потреба од понатамошна елаборација, самото си кажува (сѐ е Total Bullshit).

2.Висина и тежина?
   Сѐ си мислам дека сум некаде околу 180 цм...а за тежината ќе го цитирам Цацко: „Маж под 100 кила не е маж“

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
   #6F4E37

4.Убав? (одговори со да или не)
   Не сум во можност да одговорам на прашањево, затоа што не сум се видел во огледало повеќе од 5 години (не сакате да знаете како се бричам). Пред тоа еднаш се погледнав и напукна десно во ќошот.\

5.Зошто си на твитер?
   Некако интимно ми е прашањево.

6.Шо преставува вашиот аватар?
   Нашиот аватар претставува дека сѐ нешто смрди некаде, па вака се заштитувам.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
   Каква врска бе, во дуксер сум...ладно е надвор.

8.Вашето прво искуство?
   Беше тоа една вечер во еден парк во Прилеп. Се собравме некои 30-тина души. На почетокот не беше нешто ептен вкусно, но после тоа некако почна полесно да ми е. Кога се пресметав другиот ден видов дека сум се начукал од едно шише пиво. Детска работа, па ти.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
   Хммм...на еден во некое јапонско село, чисто да видам дали има некоја вистина во “The Last Samurai”. А на меден ќе оставам понежната страна да одлучи. (Бора Бора)

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
    Бараме некоја друга мрежа да замараме со нашите мудрости.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
    Иако прашањево е за вегетаријанци, сепак ќе одговорам: во кромид (bitches love кромид).

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
     Би му порачал на Елвис: „Земи легни си брат, поспиј малку“.  

13.Шо мобилен телефон користиш?
     HTC Inspire 4G…иако сеуште нема 4Џи кај нас, важно јас сум си спремен.

14.Каде сте родени?
     Essen, Deutschland…ама во лето.


Прашања од  @Ognen_K

1. Дали во 2014 да ја очекуваме твојата збирка на преведени мак.народни и српски турбофолк песни на англиски?
   Сеуште се комплетира и мора да ја споделам првата од Цеца “When tears fall upwards”.

2.Да можиш да смениш крајот на некој филм и серија кој би бил и како би го завршил?
  Би го убил Брус Вилис во  “Die Hard 2”. Ова веќе нема смисла што се случува, човекот умира 5 пати и никако да умре.

3.Ако можи да те голтни земјава, во кој бенд би сакал да те плукни?
  Lamb of God, дефинитивно.

4. Светиот пијалок #Пиво - Кригла, шише или лименка?
   Кригла, ама со дупли рачки. 

     Плус, еве ви #ПредлогСпоменик -