Sunday, November 17, 2013

Твитер прашалник @lady__mish

Твитер прашалник @lady__mish (Je m’appelle Мишел)


1.Име (ник ово оно)?
Je m’appelle Мишел, самиот ник си кажува. Интересно е тоа што многумина се бунат при првото слушање на името единствено поради неговата двородовост. Кумот се збуни, не па вие.

2.Висина и тежина?
Правопропорционална.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Црно/црвена. И не сум фан на Милан, ни па на ФК Вардар.

4.Убав? (одговори со да или не)
Да. Не, не сум нарцис, туку сум некое поубаво цвеќе.

5.Зошто си на твитер?
Квалитетно потрошено време. Најверојатно затоа што гледам некоја задскриена уметност во тоа да склопиш мисла во 140 карактери. Или пак затоа што кратки коментари можат да бидат појасни од она долгочасовно ломотење. А кога ќе ме прашаат луѓе што не се на твитер –Зошто си на твитер? –Затоа што ти не си.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Ме претставува мене на сабајле, кога сум ултимативно потечена и уште не сум отворила очи палам цигара.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Да сум во врска и фала богу не е без врска. А ако го сфатам ова со карираново како некаков си колоритен концепт во ова сивило, тогаш да, наполно е карирана.

8.Вашето прво искуство?
Работно искуство.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Hobbiton Village во Нов Зеланд, чисто да видам како е животот во мало.  А на меден исто така некаде во Нов Зеланд и нормално да посетам некој рагби натпревар, чисто да видам како е животот во големо.



10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ако го затворат, ќе морам секаде да внимавам да се изразувам во 140 карактери, ради конфузната состојба.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Лук (I am your father) - за моето присуство да биде почувствувано кај поголема толпа на луѓе.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би му рекла на Ахил да ја подзаскрие тоа петата, ептен ми е жал за чоекот.

13.Шо мобилен телефон користиш?
АТеЦе Inspire 4g. Купен од кај Америте. Затоа што да појдиш во Америка и да си дојдиш без мобилен, исто ко да не си бил. И затоа сега си патам од ЕЏ интернет, оти од пуста мрза не прочитав Phone Specifications. AIN'T NOBODY GOT TIME FOR THAT!

14.Кој графит би го напишал и каде?
Тибам стопанката“ - верувам дека некој би се пронашол во ова. 


Прашања од @mojokilington
1. Скретничар си на железница и иди брз воз.а една страна имаш пар луѓе, на друга страна последниот пар панди на светот. На кој колосек ќе го свртиш возот?
Не мислам да изигравам Бог тука, ќе си го пуштам возот сам да си бира, па нели е ова демократија.

2. Ако мораш да одбериш само една песна шо ќе мораш да ја слушаш до крајот на животот: којаa ќе е?
Во суштина ништо не морам, па затоа само ќе ти речам дека си имам една плејлиста шо би можела да ја слушам до крајот на животот. А во прилог еве ти неколку од нив...
Load албумот на Metallica.
Reise, reise албумот на Rammstein. 
Секако блузче. 
И ај да не се лутиш, еве ти една песна од Битлси. Од мене до мене. 

3. Дали стварно Дабот е подобар од Скопското?
Ова ти е чиста шпекулација. Ова би можел да го прокоментира некој закоравен прилепчанец. На сета среќа јас не сум таква. Туку дур сме замуабетени за пивово, фрли едно Скопско навака.

4. Битлси или Стоунси?   

Бумбарите, атер за тебе.