Thursday, October 17, 2013

Твитер Прашалник @voyoob2

Твитер Прашалник  @voyoob2 


1.Име (ник ово оно)?
Воки, Вокс, дебел. За кого како.

2.Висина и тежина?
На прсти го притискам копчето (7-ми) од лифтот. Пред лифтот има натпис “Лифтот е со носивост максимуН до 4 особи или Воки“.  

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Црна коса, шишан кец.

4.Убав? (одговори со да или не)
Не. Ама чекај... Не може! Си кажав НЕ. Готово.

5.Зошто си на твитер?
Ме донесе мојот добар другар @podzemjeto. Ми кажа дека Твитер е откачено место и дека тука најлесно би пронашол жирант. Запознав многу потенцијални жиранти, некои од нив и лично, со некои би пиел пиво, а со другите ракија или вино.

6.Шо преставува вашиот аватар?
2007-ма, на свирка. Ја пеев Killing in The name оf - RATM.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Ме сака, ама не знае.
8.Вашето прво искуство?
Септември. 5-ти. 1999-та. Негде околу 21h, бев излезен пред зграда. Беше темно. И чичко Миле кој што редовно тоа време шеташе низ маало, таа вечер го немаше. Некој викна по мене. Женски глас. Се гледаше дека долго време има пеено у хор. Тоа беше Милена. Комшивката од соседната зграда. Ме покани кај неа дома. Се качив. Ме чекаше полуотворена врата. А позади вратата.... КУЧЕ! Лае по мене, на некој чуден дијалект. Се гледаше дека не е од овде. Се појави Милена. Ме погледна и ми се насмевна. Тоа беше незаборавна вечер. Имаше пица, ресана, смоки, чипс (од големите), сок, сникерс... Се прејадов ко да нема утре.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе ги барам омилените твитерџии на фиксен.
-       Добар ден @voyoob2 на телефон, @necovski дома е?
-       КОООООООООООООООООЈ?!?!?!

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Шопска може? Не? Добро. Марула? Ок. Добро.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
За девојката до мене џин-тоник. И за мене истото, само без тоник и наместо џин ако може коњак. Фала. Историската личност ќе плати, ок?

Прашања од @irenska_madness 
1. Треба да бираш меѓу точак и фрижидер. која кинеска метода на мачење ќе ја употребиш на тој што те тера да бираш?
Зависно за кого како. За @irenska_madness - Сникерс метода. Ја среќаваш на улица и ладнокрвно си јадеш сникерс пред неа. Јадеш бавно, slow mo. Се понашаш ко ништо да не било. Не може да издржи, ти вика: Ајде чао, заминав. А ти: Ама чекај, чекај, не ти докажав за ребалансот на буџетот... Болна метода драга моја Ирен.


2. Како кинез меѓу твитерџиите, колку е тешко да куцаш со стапчиња?
На почетокот беше тешко, ама се навикнав. Сега ми е лесно.  

3. Дали е вистина дека си имал блиски односи со некоја видеотека и затоа ги знаеш сите филмови на светот?
На времето имаше видеотека у Тетово, еден филм 50ден. три за стотче. И ако закасниш со враќање на истите, се наплаќаше казна. И така еднаш закаснив, не ги вратив утредента и знаеш како иде тоа, ајде утре, ајде задутре... Лихвари. Пресметав дека подобро би било да не ги враќам уопште и ако случајно налетам на газдата од видеотеката на улица, го имав тој невин “It wasn’t me поглед.


4. И сега една песна за фановите!