Tuesday, September 3, 2013

Т.П @Gordiev_jazol

Твитер Прашалник @Gordiev_jazol 


1.Име (ник ово оно)?
Името ми е всушност содржано во никот, еднаш го имам сменето за да не ги бунам луѓето со изговорот. Некои одма си го поврзуваат со името на еден наш фудбалер, а некои упорно ми пишуваат Готзе. Нема смисла да ги пингам тука кои се, нели?

2.Висина и тежина?
Висок не толку колку што се надевав првобитно, а и на тежина некако почнав да губам откако се фатив сериозно со твитер.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Костенлива, или барем така имам читано на интернет дека се вика.

4.Убав? (одговори со да или не)
Ау не, скраја да е. Тешко е човек да се носи со таков епитет. Плус и автоматски со тоа одма те рачунаат за глуп.

5.Зошто си на твитер?
На твитер сум за да видам како размислуваат луѓето и што имаат да кажат во тие 140 карактери, да се насмеам на некои оригинални и досетливи твитови, да споделам некои мои размисли...дефинитивно неизводливо на фб. Прво почна како разонода во слободно време, но во меѓувремме сериозно се посветив на кариерата, па сега чекам некој ден и пензија да ми дадат.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Каверот на единствениот албум на еден од моите омилени гитаристи, од сите аватари досега само тој ми останал најдолго.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Ти личам на некој што има врска од нешто? Инаку врска носам единствено по потреба со кошула и одело, а никогаш не сум бил за карирани, па дури и самото врзување на вратоврска ми е некако многу комплицирано.

8.Вашето прво искуство?
Било ја давно некад... ако треба да наведам датум и место, не се сеќавам.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец само во Барселона по можност, а на меден за кај што ќе ми уплатат, ако некогаш дојде до таму работата.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Пакувам твитовите и се селам на друга социјална мрежа. Се шалам, најверојатно ќе бидам во жалост нема да се бричам и нема да излегувам од дома 40 дена.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Тиква. Жолта, голема и со семки. И онака сега во тиквава немам многу ниту памет, ниту семки.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Да бега што подалеку од Македонија, тука кој поминал ништо не оставил како што треба, а ние белки би можеле и сами да си го најдеме патот.

Прашања од @My_Vezilka
1. Која книга ти го смени детството?
Мислам дека беше Ѕвонарот на Богородичната Црква од Виктор Иго. Кога дојде време за обработка на лектирата испадна сите од класот гледале некој филм, а јас бев помеѓу ретките што не знаеле како попаметно да го трошат распустот.

2. Девојка: со твитер или без?
Ако имам девојка секако твитер одма иде во втор план, а ваква зависност на никој друг не би му предложил, не пак на девојка.

3. Што попрво би носел: трегери или црвени чорапи?
Хмм...ако мора баш да бирам еве нека се трегери, ќе ставам плус на мене кошула со руска крагња и лакована кондура, и никој нема да ме препознае дека сум тоа јас.

4. Светот го разбираш како...
Јас светот го разбирам како поле за културен натпревар... искрено не го разбирам светот, а се сомневам дека и тој ме разбира мене.

5. Кој албум би го избрал за саундтрак на твојот живот до сега?
Perfume - A story of a murdurer. Самата музика е ежење, кој го гледал филмот знае за што се работи.