Thursday, June 20, 2013

Т.П @MirkoPopov

Твитер Прашалник @MirkoPopov 


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Сам на себе си го ставив.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Висок, убав, плав...тукуречи Александар на своето време.

3.Зошто си на твитер?
Природна екстензија на мојата личност. Исто да откорнам прегрст тајни од длабочината на мојата напатена поетска душа. Исто против #абортус.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Симбол на мојата религија-политика.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Твитер ме донесе. Прашај го него дали ме заеба.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
S is for…Superman

7. Каде сте родени?
У Скопје.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Тешко да го оставам Скопје толку време. Ќе престане да биде Скопје ;)
На меден? Со автобус на Ниш Експрес низ јужна Србија. Не се заебаам.

9. Брак?
Ептен ќе се усреќи невестата со мене.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Во човек – прекрасна животиња, нели?

Дополнителни прашања
1.Те паметам од 90тите се акаш да створиш Скопска клупска сцена до кај си?
Ете ја. Баш као шо замишљав. Можда малце боље. Living the dream.

2.Најголемо достигнување во животот?
The ongoing process. Задњиот албум. Задњата песна.

3.Имаше нешто со Црква(та) ?
Да, доаѓам од попска фамилија, што е очигледно од моето презиме. Нешто не сме синхронизирани задњиве 350 години. Јасум од таСтрана.

4.Омилена група?
Prefab Sprout. Dead Can Dance. New Order. Сварно незнам.

5.Кај се гледаш за 10 години ?
Тука.

Прашања од  @Tea_Shaldeva
1.Зашто навијаш за Арсенал?
Елеганција. Самоодржливост. Гарантирано континуирано емоционално исцрпување и премостување психички бариери.

2.Што се дешава коа ќе умреме?
Ние што сме сварно кул дечки се трансформираме у витези на небеското царство. Ја минуваме вечноста во транс и екстаза од нектари разни, жени мирисни и меѓусебни креативни интеракции. Другите нишо. Затоа памет у глава.

3.Ако можеш да го проживееш животот на било кој човек што постоел/постои,  кого ќе одбереш и зашто?
Ебено тешко прашање. Ок сум со мојот живот, али и Кралот Артур не е лоша идеја. Зашто? Пошто имал опасен меч, ги обединил способните, ги победил гадовите и успеал за својот народ да обезбеди значаен период на тнр. Благосостојба.

4.Колку манеќенќи имаш смувано?
Ниедна. Низаедна.

5.Како сакаш да умреш?
У битка. Се заебаам...сакам да умрам мирно у кревет на 120 години, опкружен со луѓе кои сеуште ги занимам.