Wednesday, March 27, 2013

Твитер прашалник @TheFitzzz

Твитер прашалник @TheFitzzz


1.Име (ник, кој ти го стави)? 
Бапчо ... Сам си го ставив (За 1-ви Април ќе бидам бензинска пумпа)

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Филип, поносен и самоуверен  шизик со строг и неодреден поглед, во слободно време муза на Франциско Гоја ... Дупли Стрелец (23` и 25` од пенал) ... Хоби – Шах у Жена Парк

3.Зошто си на твитер?
Рецесија, опака бољка која хара и разједа наше преуреѓавање ... поскапе Психијатарот, морав да барам чаре ...

4.Шо преставува вашиот аватар?
Црно-Бел Салвадор Далиев трибјут за мојот брат близнак чиј фетус го имам изедено во утробата на мајка ми (Жени читајте Нутела)

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@Narasanov @UrosMilosevski и @TomssonB ми го направија ... Ако ќарам некоја Твитерџика ... ќе им дадам први да твитнат дека е трудна

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
#Љубов е кога ништо не е поприсутно од нејзиното отсуство ~ Петре  М.

7.Каде сте родени?
Во градот кај што матен Вардар брзо тече, тајни носи, време влече ... Кај што млади моми #Љубов водат, душа вадат очи бодат ... Градот кој што зиме, лете дреме ко бајче ладно Скопско или Турско чајче... 

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден Месец ... Ваљда на
Deimos … месецот на Мars ... фино било... само Телма и ЕДО се фаќало ... бар така ми кажа Берта Додевска, а на меден ... Кај шо ке рече она бе батка...


9.Брак?
Не фала, постам ...

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да бидете?
Човечки пандан на Chimera ( митско животно создадено од симбиоза на Лав, Коза и Змија) … Во мојот случај симбиозата ќе биде од мене и гитаристот кој е сублимат од чувените (Пепи Ренџов, Пако Де Лусија, Канго и Слеш)…еден и единствен  > Роберт Саздов и наравно во долниот дел Јоце Панов..


Дополнителни прашања

1.Светло или темно пиво?
Пиев светло до пред инцидентот L ... мојот најдобар другар беше Албино, бевме на скијање во Маврово, се изгуби измеѓу Галички и Жути ...  никогаш не го најдоа... од тој ден пијам само темно. Плус тазе сум у ККК ...морам да се уклопам

2.Врби у Вардар?
Можда е Фора ... Од мука да родат Грозје ... да не има на CNN ...

3. Кога последен пат сте биле во театар?
Неодамна на Дервишот и Смртта  ... одлична изведба на Ристановски, генијален глумец ... што ме потсети на една изјава на Тони Михајловски: “Да бев посветен глумец како Ѓорѓи Јолевски, до сега ќе бев Никола Ристановски

4.Кој е најдобар Македонски глумец?
Има плејада на Македонски глумци и ролји на кој им се восхитувам ... Ристо Шишков, Петре Прличко ... Лазар Малиста ПоликалаБараков ... но сепак јас емотивно сум најповрзан со бардот на Македонската глума и за мене единствениот Македонски крал ... Ѓорѓи Колозов !

5.Бурек со шо го јадиш?
Со Надеж, дека ке уколвам и некое зрнце Сирење унутра !

 Нареден:@SikiKikiriki

Прашања од :@TomssonB

1.Дали е вистина дека твитовите за љубов ти ги пишува друг твитерџија, нема да го именувам (не е овца)?
ТО НИЈЕ ТАЧНО ! Твитовите за #Љубов си ги пишувам сам, инспириран ко Петре од Дениција ... 

2.Се шпекулира дека во младоста си се радувал на успесите на МЗТ, а сега навиваш за Работнички? Точно ли е ова?
Повторно дрска инсинуација која долго време се има крчкано во кујната на една наша чувена Телевизија (читај Шутел
) … Речиси цела моја кариера ја имам поминато во К.К. Годел Работнички ...  напрајв прелаз у Водњански кога мојата макотрпно заработена златна медаља и беше дадена на Секретарката на клубот пошто му беше швалерка на... а и плус малку се осеќав ко Скалабрини ...

3.Треба да ја носиш твитерџиката од твоите соништа на дејт. Каде ќе ја однесеш?
На ќебапи у Дестан во Чаршија ... па за рука покрај кеј до кај баба ми на колач со вишња ... па вечерта ќе гледаме филм од мојот омилен режисер - Акира Куросава... С`лнце да зајдвит ја да умирам ...
#хехе

4.И тебе ли те замара Сафет за совети како да фати девојка?

Да, али џабе везам ... АМААКО нек не се откажуе надежта умира последна ...

5.Нели мислиш дека треба повеќе да ми ја подаваш на баскет?
 
Три класи сум бољи од тебе !!! ТРИ !