Saturday, March 2, 2013

Твитер прашалник @OvojOdAerodrom


Твитер прашалник @OvojOdAerodrom


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Овој од Аеродром ама у маало само Овој ме викаат. Никој ми го нема ставено.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Мноооооооооооооооооооооооооооооооооогууууууууууууууууууууууууу  ууууууууууууууууууууууууууубаааааааааааааааааааааааааааааааааааааав. Нема више букви за друго.

3.Зошто си на твитер?
Да го ширам зборот на Спасителот. Судниот ден е близу покажете ги цицките, а јас ќе им судам.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Дводимензионална слика во која личностите со намалена мозочна активност го перцепираат нивниот страв. Така ако личноста гледа кловн тоа обично укажува на стравот од неприфаќање од останатите, а ако перцепираат изобличени лица тоа укажува на недоволна љубов во детството. Можни се и перцепции на комбинации од набројаните примери што е сериозен симптом.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Дием ГП ме донесе. Уствари не ме донесе ја сам дојдов ама тие беа причината шо напраив акаунт. Не сум зажалил до сеа.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Нека биде твит. И би твит. И беше добро.

7. Каде сте родени?
Не сакам да мислам дека сум роден бидејќи тоа би значело дека моите имале секс. Сакам да верувам дека сум довеан од ураган или моето семејство ме замислило и така сум почнал да постојам (што на некој начин би го објаснило моето совршенство).

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На Фиџи двапати.

9.Брак?
Морам?

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Atretochoana eiselti




Дополнителни прашања
1.Телешка или шкембе чорба?
Why not both?

2.Лична филозофија?
Верувај во себе, дај го најдоброто шо можеш и ако нешо се заебе не заборавај...Бранко е крив.

3.Најсекси моменат, шо си го имал у животот
Стрип покерот шо заврши со злоупотреба на чоколадниот сируп.

4.Од што ти е страв?
Страв ми е од тетките со недепилирани мустаќи во администрација или на свадба. Поише од тие на свадба затоа шо увек се трудат да те бацат у уста.

Од @MedoDimoski
1. Дали ако можеш да бираш што си бил во претходниот живот би бил Исус?
Несомнено. Дури и повеќе пати. Исус ти е кул батка, само јас би имал поцицка филозофија. Ова со алкохолот и едновечерната забава за која се праи муабет 2000 години е супер, ама ја би додал женски затоа шо таква забава може да оди само на подобро. А за ова со распнувањето, не сакам клинци дека лесно крварам и преферирам јажиња или лисици, ама и тоа може да се среди.

2. На колку твитерџики си им ги опипал цицките? (како дел од твојата обврска како доктор за подигање на свеста за борбата против ракот на дојките)
Само на 4. И затоа ја користам оваа прилика да ја искажам мојата лична загриженост за здравјето на моите драги твитерџики и да кажам дека секогаш сум тука за нив. Па дами на следниот твитап побарајте ме.

3. Одговори го пак 3тото прашање од прашалникот ама овој пат не лажи
Медо ја никад не лажам.

4. зашто Роршак? Сум те видел гол, тотално можеше да бидеш оној плавиот.
Роршах, со Х како Хемѓуљ. Епа види вака. Пред да ги купам Вендоксин капките и рендето Бјорнер кои ми го сменија животот и телото јас бев гадно суштество кое мораше да им се приближи на типките, да си напраи лезет и да кидне без да го препознаат и пријават у полиција. Од таму излезе Роршах и маската. Денес е само потсетник на моети минато и дава малце мистериозност на мојата појава. Шо понекад пали кај жените се додека не почнам да зборувам.

5. за пари или за женска би се продал?
Не се продавам, луѓето што ги сакам ми се најбитни.

Пошо @Pontiflex даде отказ следна е @Kanarinkata