Sunday, March 10, 2013

Твитер прашалник @martincco

Твитер прашалник @martincco

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Martincco така ме викаа во средно, па ми делуваше соодветно!

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Реален, поддржувач на науката и се што не носи напред. Си ја сакам астрономијата зошто преку неа јас станав вистинскиот јас. Истражувач, хоби-фотограф, планинар, ме импресионира природата и затоа многу од работите што ги правам се поврзани со неа!

3.Зошто си на твитер?
Брзо дознавам информации. Корисен ми е за тоа што ме интересира. Во последно време се трудам да внесам корисни (најголем дел твитови поврзани со науката и истражувањата) меѓу твитерашите зошто реално многу малку има такви твитови кај нас!

4.Шо преставува вашиот аватар?
Мојата вљубеност во аурората         
  
 5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Ме донесоа протестите против полициската бруталност , а може се зезнав оти сега ми троши многу време, како и да е не се каам поради тоа ;) Твитер секогаш ќе ми остане брз информатор за корисни работи, се разбира се зависи од тебе како го користиш и кого следиш!

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Добро Ве најдов! (знам дека одма ќе ми посакаат добредојде, па да си го кажам одговорот со време)

7. Каде сте родени?
Скопје

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месец дена на Свалбард (остров во Арктичкиот океан), а на меден Исланд или Фарски острови!
Али пошто ме интересираат вулкани, водопади и ретки природни богатства, тука би ги вбројал Ангел водопадите, Викториини водопади и Игуасу водопадите. Ст. Хелена, Етна, Кракатоа, и неколку вулкани на Камчатка! Секаде по месец дена околу нивната природа.

9.Брак?
Ни на крај памет!

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Делфин, не ради убавината, туку ради слободата и авантуристичкиот начин на живеење.

Дополнителни прашања

1.Омилена книга?
Кратка историја на времето – Стивен Хокинг

2.Добиваш 1000000 евра на лото,шо правиш прво ?
Ќе вложам во некое научно истражување кај нас што мислам дека вреди, а со останатите зависи во периодот кога ќе ги добијам. Бенефитот од науката го гледаат сите, од парите само поединци!

3.Фотограф или Диџеј?
Фотограф што слуша музика. Ја сакам природата и уживав во неа секогаш затоа што самата ти ги дава фотографиите и музиката ако ја разбираш!

 4.Џедај или Хипстер?
Џедај, не ја сфакам поентата на хипстер/ите

5.Би станал ви вегетаријанец?
Можеби, но засега не!

Прашања од @IrenaMila2
1.Колку ѕведзи можеш да видиш во една ноќ?
Зависи од која точка на планетата, во кој период од годината гледаш и од други фактори. Од кај нас ако останеш надвор од самрак до зори вечерва околу 2000-3000

2.Најголем предизвик во областа од астрономијата. Следна дестинација?
Веројатно да летнам во вселена, но пошто сега засега тоа е невозможно и недостижно, би рекол да направам некоја јавна опсерваторија и да им ја доближам астрономијата на најмладите кај нас!
Дестинација, ако е астрономска тогаш низ Македонија во потрага по локација за да ја сликам кометата
PanStarrs, а не астрономска Белград.

3. Зошто си толку скромен, и кога си НЕскромен? 
Доблеста и тоа што како правиш и можеш се покажуваат со дела, а не со зборови. Можеби тоа го имам примено од родителите. Нескромен многу ретко (колку и да звучи еј знаев дека тоа ќе го одговори) не сакам да сум таков човек

4. И колку најдолго се седел надвор за да направиш совршена фотографија.
Не знам точно, но е помеѓу 8-12 часа континуирано на едно место. Тука не влегуваат неколкудневни тури со спиење во шатори – тогаш си нонстоп надвор.

@malaovca зошто го прави во целост тоа што за мене е твитер. Пренесува информации кои што вредат да се чујат и видат. Ценам премногу активисти што се трудат да донесат нешто убаво и ново во општеството.