Saturday, March 9, 2013

Твитер прашалник @IrenaMila2

Твитер прашалник @IrenaMila2




1.Име (ник, кој ти го стави)?
Си го ставив јас, првиот дел, навистина почна да ме боли апарато, особено за купиштата фрустрации, ги елеминирам, вториот, Јас и Таа. Моја Мила најмила, сегде е со мене, претворени сме во едно.
  
2.Опишете се (макс 140 нели)?
Мајка, биолог - еколог, фотограф, хуманист, човек, дозирана со многу Љубов, ако на некој му фали ќе му подарам.
  
3.Зошто си на твитер?
Твитер ми беше и се уште ми е, извор на многу информации, умни луѓе на куп со ставови, акција - реакција, ако го користиш правилно и те каков бенефит можеш да имаш, мене ми помогнал во организирање хуманитарни изложби,  многу луѓе ми помогнаа кога ми требаа за донирање крв за мајка ми, во чекор си со светот ако го следиш она што те интересира, дознав и многу креативни луѓе кои ми го разубавуваат денот, со пишан збор, фотографија, наука..  во главно гледам да го црпам вредното.
  
4.Шо преставува вашиот аватар?
Глупирање пред туѓ апарат.


5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Сама, засега не се чувствувам заебана, имаше еден период со стариот профил, кога се подзаразив малку повеќе, ама се опаметив, тогаш и претерував и си превтрував очи на сама себе, сега веќе не.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Woop wopp here we go..

 7. Каде сте родени?
- Скопје.
  
8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Борнео или Мадагаскар на еден, меден Ирска поради природата и мојата посакувана Аурора Бореалис, Куба - шаренилото.

9.Брак?
- минато.

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
- Китче хах, може ете да избереме Orcinus Orca.. имав истражување за нив и сум фацинирана, со еден единствен предатор човекот.

Дополнителни прашања

1.Најрадосен момент во животот?
- Имам многу, се е поврзано со нејзе, Мила, како расте ми дарува цело време нови моменти, почнувајќи од нејзиниот прв плач, па нашата заедничка прва тајна, до моментот кога ми се обрати - е не си нормална колку си блесава, опамети се..


2.Ладно ли е у Шведска ?
- Да, денес дува ветер, тоа ги домрзнува ионака ладните души овде..

 3.Омилен филм?
- Имам повеќе ама денес си го издвојувам "Into the Wild" иако за мене важи правилото, книгата повеќе од филмот.

4.Сите ли фотографи се хипстери?
- Почни од мене, јас не сум хипстер и имам аверзија спрема тој термин. Така да не.


5.За што жалиш во животот?
- Само за изгубените моменти со нејзе останатите падови ме направија јас.

6.Оти си тажна на сите слики?
- Претходниот одговор.

7.Те сликал ли некој?
- Многу одамна @Janevski® и @sokarovski кога одиме по одмори заедно. :)


8.Македонија или Шведска?
- Ако во Шведска ги донесам топлите луѓе од Македонија тогаш би рекла Шведска, Македонија е толку прекрасна земја, со лоша политика и ограничени умови, кои ме чудат, и тажно е кога само еден мал дел на млади луѓе ја согледуваат целата задкулисна игра на политичарите, а другите исплашени и немо молчат, пасивно набљудувајќи од некое ќоше. Македонија може да биде рај, а сега е само страв и борба за опстанок, причина за краток живот, и ќе преживееш само ако си добар газолижец и партиско тролче.

9.Кој е следен
@martincco еден од поинспиративните ликови на твитер, јас се радувам со секое негово постигнување, и Мартинчо ти благодарам за секоја пренесена убавина.

ЕКСТРА
ДЕЛАТА НА ИРЕНАМИЛА   http://irenamila.com/