Sunday, March 3, 2013

Твитер прашалник @Buchk0


Твитер прашалник @Buchk0


1.Име (ник, кој ти го стави)?
Надимак уште од детството, изведен од презимето, али ја сум без „В“ и не сум у роднинска веза со бившиот министер.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Нешто помеѓу смигл и гизмо, али за мојата цура принц Вилијам лично и неперсонално :)

3.Зошто си на твитер?
Забава, хумор, да ја разберам помладава генерација, да ги дознавам вестите пред да се случат..

4.Шо преставува вашиот аватар?
Безгрижно детство, добро детективско џез музиче, интересен хумор и јаки фори.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@spiinnoza ме „излажа“ дека тука биле све кул фаци, блогери, интелектуална раја што твита на ниво.. али тоа да ти биле исклучок, сепак исклучок за кој вреди да се остане на твитер.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
cout << "Hello World";

7. Каде сте родени?

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Ocean City (Мариленд) у летна сезона, а за меден NYC. Благодарам. Кога ќе знам дали сум извлечен за наградново патување?

9.Брак?
16ти Април 2015, а може и порано.

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Во Денвер :) Се шалам, не верувам у такви ствари. Јас сум нерелигиозен хард кор следбеник на Христос.

Дополнителни прашања

1.903 Крушево каде си вработен?
Одгледувам цреши и ги лажам турците дека за сок ми се.

2.Каде на одмор ?
Ако се има можност, Ocean City, ако не златен Охрид :)

3.Омиленен филм ?
Тројцата амигоси. Ко мал си купив пиштол на капси и го јавав душекот од креветот филмајќи се дека сум еден од нив.

Прашања од @Канаринката

1. Зошто не јадеш благо?
За да има повеќе за тебе.

2. Колку филмови имаш изгледано во животов сосе легендарниот "Сам дома 2"?
Сам дома 1, 3 амигоси, десперадо, овој со Брус ли, џеки чен, бетмен и враќање во иднината (сите три дела!)

3. Те знам како човек со челични нерви, ама што успева да те изнервира?
Кога ќе ми кидне автобус пред нос и кога чекам на шалтер у пошта да платам сметки и се убацува некој наудрен преку ред. У последно време ретко преќутувам.

4. Бурито или кинеско? (ти частиш, не заборавај)
Кинеско дефинитивно. Ориз со соја сој, пилешко со брокула и слатко луто кисело. Два прибора, две чаши вода и две сметки ќе ве молам за паркинг ми требаат.

5. И отвараш врата од кола на женската? Зошто?
Женска ми е инвалид, нема раце. Тешко и е со заби да отвори, па и помагам. Љубов, шо ќе праиш.

Следна: @spiinnoza