Thursday, February 14, 2013

Твитер прашалник @Goran_Man

Твитер прашалник @Goran_Man



1.Име (ник ово оно)?
- Горан Ман... во врска со никот иам една дешавка од скоро време. На Таксират се паркирам кај Саем и уште неизлезен од кола,  доаѓа цајкан и ми вика „дај документи“, давам возачка. Ми вика „не бе, лична карта“, си викам што ќе му е лична карта на овој, ај не се бунам му давам. Ми вика „како се викаш“, „Горан“ одговарам. „Горан а!? Од кај си!?“. „Од Драчево. „Од Драчево а!? Како те викаат!?“. Е тука се мислев да речам Горан Ман, али гарант немаше да му текне на Сечи Перо и гарант нема твитер и фб, па му реков „никако, како да ме викаат.. Горан ме викаат“.
Инаку ме тресеа за случајно да не имам некои опијати, пошто е познато дека на Таксират сите се под опијати, а на Аца Лукас сите се трезни и чесни и од манастир, затоа нив никад не ги тресат.

2.Висина и тежина?
- Превисок за втор спрат во кинеските автобуси, а преслаб за на нива.. . да копам бе, сигурно нема да влечам рало... ваљда.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Црна со сиви прамења кои се гледаат само кога нема да ставам кило гел на глава.

4.Убав? (одговори со да ил ине)
- Не.

5.Зошто си на твитер?
- Ме плаќаат од партија, триста денари си се триста денари, ем бесплатен интернет по цел ден... кој ти дава море!?

6.Шо преставува вашиот аватар?
- Ја во порно филм, поголемата слика (хедерот) е откако сфатив дека се работи за геј порно филм. :/

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
- Сне и кастрирана е. (не боцкам на страна) ;)

8.Вашето првo искуство?
- Траеше две минути, од тогаш имам напреднато на две и пол, а целам на три без петнајсе.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Во Скопје, да видам што толку сите се пикаат таму.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Па ваљда унапредување во партијата. Со оглед дека бев аматер-глумец имам предизпозиции за градоначалник на некоја општина. Стискајте палци. ;)

11.Ако се реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
- Од Драчево сум така да... мушмула. 

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
- Не би порачал ништо, само би му го зел пенкалото да не може да ја напише. Ваљда тогаш помалку ќе се замара народ да докаже чие-што е.

Прашања од @tiggaz
1.Каков споменик би го разубавил твоето маало?
- Вол у купуз. Вол имавме лани за Нова Година, уште купуз ни фали.

2.Која?
- Втората, увек е втората.

3.Колку вреди да се замараш во денарска противредност?
- Ич курС не ме боли за денарската противвредност. 

4.Вистина или предизвик?
- Во денешно време, вистината е предизвик. ;)

Дополнителни прашања
1.Кој тенисер го имитираш тука?


- Дуле Савич. @sokarovski e Луди Ален, @ipukich е фотографката, а @fidanska е тон мајстор. Малку ни сметаа моторите за да можеме да сликаме `ко што треба, али тоа Луди Ален во пост-продукција го среди. Многу убо си поминавне, благодарност до режијата. :)
пс. Инаку од тука потекнува и мојата слика за аватарот.
ппс. Ако внимателно читаше, сега ќе добиеш впечаток дека сме снимале геј порно, али тоа не е тачно. ;)

2.Драчево или Скопје?
- Трик прашање. Скопје е Драчево. ;)

3.За крај каде е почетокот?
- Никој не знае. Има повеќе теории, ама сите се повуци-потегни.

Пошто има многу фејл во (в)етерот, следен @fail_mk.