Tuesday, January 22, 2013

Твитер прашалник @sulimanovic

Твитер прашалник @sulimanovic



1.Име (ник ово оно)?
Љубиша Вселенско-Ново Зеландско-Велики-Ох Пастуве @sulimanovic

2.Висина и тежина?
20ина cm, нарезбан, со оштар врв. Зборам за ножот со кој сечам глупаци што ми поставуваат прашања од типот “висина и тежина“. Што е ова? Втората убавица од кај Вучиќ у емисија? Или ова е за да сугерираш дека сум дебел? Па што ако сум дебел? Цела Америка се дебели па им се тресете за името коа ќе ви речат.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
И мајка ти така ми рече вчера, ама не ја послушав.

4.Убав? (одговори со да или не)
50% од сите жени што ги знам (мајка ми и тетка ми) мислат дека сум убав. Другите три не знаат што е убавина.

5.Зошто си на твитер?
I've got nowhere else to go :(((

6.Шо преставува вашиот аватар?
Патрик Бејтман ми е аватар. Уствари ликот на Кристијан Бејл во Американски Психо. Он е многу ок глумец. Порано не го сакав толку ама сеа го ценам. Супер е во Машинист и во Бетмен е закон. Оној коа се маѓионичари со Вулверин не ми е толку по мерак. Таму Боуви го глуми Тесла бе...

7.Дали сте во врска(и дали е карирана)?
Сум. Девојката сака да остане анонимна. Нема твитер. Нема ни живот више, ама барем има место во моето срце и во мојот подрум. Те сакам мршо моја :*

8.Вашето прво искуство?
Гинеколог, сестра, бабици, ми ја исекоа папочната врвца. Црнец...

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Па колку месеци има? Еден е нели. Или мислиш кога е полн или ко турско знаме? Кој ги пишува прашањава бе? На меден кај пчелар некој. Не знам... Стварно е глуп прашалников. И ти си глуп.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе се собереме спонтано пред Основен суд Скопје 1, ќе протестираме, дур не стане досадно. Ќе гледаме како го судат. Ќе го спомињаме дека порано имало кај да се збори сеа нема. Дека и он не бил баш чист, дужел на фејсбук...


11.Ако реинкарнирате во зеленчук ,кој би сакале да е?
Патлиџан! (ајде курви, вие што тврдите дека е овошје, лапајте реплајове!)

12.Ако би се сретнале со историска личност,што би порачале?
Со неколку:
- Со шахот на Иран - Пази!
- Со Боби Кенеди - Поздрави го брат ти!
- Со Александар - Мајка ти вика на татко ти му е поголем.
  
Стрез:

13. Дали е точно дека сите твитови, прво ги пишуваш на папирус, со перо и мастило од пеликан? И се чувствуваш и виновен за исчезнувањето на пеликаните во Преспанско Езеро?
Не сите. Риплај твитовите ги вадам од анус (гз народски кажано). Таму и ги чувам перата од пеликан. Најдобро се чуваат на гзна температура (24 целзијус). Митот за Преспанско езеро останува до ден денес шпеклуација од локалните Ресенски фраери. Нит имало езеро нит пеликани.

14. Зошто доаѓаше два пати на твитер? Првиот пат не ти тргна па се повлече. Вториот пат растури. Дали првиот пат ги учеше навиките на твитер и спремаше твитови за твоето второ доаѓање?
Како и Исус Христос пред мене (син на Господ Бог, види Библија), така и јас. Умрев за твитер гревовите и воскреснав. Во меѓувреме собирав мисли од големи луѓе (кошаркари, кечери) и ги запишував. Со помош на персонален сметач ги компајлирав (види информатика) и ги претворав во твитови кои загарантирано ќе имаа по 50,60 и повеќе еесет фејвови. Профитот сам дојде...

15. Одговори на рандом прашање, при што ќе почнеш со „па видете...“
Па видете Васко... Словените дошле преку Дунав, на еден од многуте мостови кои римјаните ги изградиле нели ова? Хаха...

16. Дали Драган Каранфиловски – Бојс е само твое откритие? И што правел пред да стане славен со твојот твит?
Ах, Бојс... Бојс го најдов слеп на едно ќоше во Кисела Вода. Имаше специфичен пуцвал. Жена ми Риска рече дека е греота детето така да седи и го земавме дома. Прогледа. Го воспитавме како ние знаевме и умеевме. Кога наполни 12 години увидовме дека не е од овој свет. Можеше да направи работи кои нормално дете негови години не ги можеше. Носеше ролка и златно ланче одозгора, и сите го толерираа. Тоа беше феномен. Ја запозна Валерија една јануарска ноќ и после тоа се е историја... Вулевукуше, Макфест, XXL...
   
17. Што мислиш, ќе го спаси ли твитер светот?
Што му е на светот? Оној ден се чувме, ок беше. Ми беше блед малку неќни кај Братот на огин ама не го прашав пошто беше и жена му таму. Шо е работата?

18. Дали и ти, како и многу на твитер, мораш да ги читаш оние што не ти се допаѓаат што твитаат? Колку те фрустрира тоа ?
Освен некои 720, 730 луѓе што ме нервираат другите ми се ок. Иначе ќе твитаат по мое сите кај и да е. Мора да биде така. Да се знае ред. Пошто ова све се дешава во моја глава и вие не сте реални, тоа контрирање на моите желби ми е нејасно. Ама ќе средам. Имам нож 20cm (види погоре).

19.Кој следен да го малтретираме со глупави прашања?
Бардот на македонскиот твитерај - @Gas_Maska