Monday, January 28, 2013

Т.П @mnogufina

Твитер прашалник @mnogufina 

1.Име (ник ово оно)?
Ина Многу Фина

2.Висина и тежина?
Подобро висина и тежина ко Мадона него низина и леснина ко Ким Кардашијан.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафеава, пошто чоколадо, лешник и карамел се за торти, добро?

4.Убав? (одговори со да или не)
Кој ќе каже дека не сум убава на таван спие и вошки врие.

5.Зошто си на твитер?
Дојдена сум на Твитер за да лечам комплекси и фрустрации како и сите други.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Слика во профил пошто слика во анфас е ту ласт сизн.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Схулгрл бондаж прашање. Маркиз Де Сад лајкс дис.

8.Вашето прво искуство?
Прво и искуство во иста реченица е граматички неточно.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец кај што е мед и млеко повеќе од меден месец со секирата во мед.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Затвори го Твитер и ќе ти твитам во СМС бтњ Попаметниот попушта е за лузери!!!

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Реинкарнација?? Бич плиз, јас се враќам назад само кога возам рикверц.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Њутн, брат, третиот закон кај Трпе менталитетов нема да ти важи. Памти ми го зборот!

Прашања од @rnix
1.Како ти изгледа? На арно ли е?
Да чукнам во дрво пошто чукање во кола е ту мејнстрим.

2.Живееш на релација Скопје-Атина. Дали си ти единствената на светов што ги гледа како збратимени градови?
Ги гледам како посватени градови. Брат брата не рани, а сваќа се пишува со в.

3.Кога твиташ, ТВИТАШ! А кога не твиташ?
Инфаркт левел пченица ми го нема телефонот!

4.Што имаш да кажеш во самоодбрана?
Единствено што знам да кажам во самоодбрана е „дали се поздрави со домашните?“

5.Ако не си во своја кожа, во чија би била?
Бафало Бил (кога јагнињата ќе стивнат) лајкс дис. Кожата што победува не се менува!

6.Што би им порачала на тие што те сакаат? Добро, осем пица?
На тие што ме сакаат не би им порачала ништо, ми е страв да не ги фатат на царина.
      
7.Колку, како, што? Кому?
Бабо, ти си?

Екстра прашања
1.Дали е твитер поле за натпревар
Нема влијателност и не ми е гајле колку ме следат = не е битна големината битна е техниката.

2.Би сакала ли да ги запознаеш сите твитерџии
Јас не сакам да ги запознаам сите комшии не па твитерџии.



Пра6ални4ето го испраќам кон уан енд онли Борјан Јовановски @BorjanJovanovsk